Фудбалерите на Лацио успешно ја одработија својата задача во 23-та рунда во „калчо“ лигата совладувајќи го Емполи со минимални (1-0). Стрелец на погодокот вреден три бода беше Филип Каиседо од белата точка во 24-та минута.

„Лацијалите“ со новите три поени напредуваа три позицииа и се пробија до четвртото место на табелата во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги се вратија во колосек и нанижаа две победи после поразите од Наполи и Јувентус во дерби пресметките.

Поради настапот на дел од италијанските екипи во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа фудбал ќе има петок (утре), сабота и недела. Во петок ќе игра Рома против Киево, а в сабота играат Наполи и Интер кои се натпреваруваат во Лигата на Европа.

OhridNews