Екипите на Интер и Јувентус се издвоија во трката за титулата но и тимот на Лацио покажува афинитети за трофејот во италијанската Серија А. „Лацијалите“, со фантастичен кам бек го совладаа Каљари со 2-1 (1-0) и ја продолжија трката кон водечкиот тандем.

Составот на Каљари поведе со 1-0 во 8-та минута со голот на Џовани Симеоне. Домаќините водството го чуваа до третата минута од судиското продолжение. Бројките на семафорот ги изедначи Луис Алберто, а комплетниот кам бек го направи Филипе Каиседо со погодокот во последните мигови од мечот.

Лацио на една рунда пред крајот од есенската полусезона во „калчо“ лигата заостанува три бодови и сигурно ќе има што да каже во втората полусезона кога речиси секогаш се решава прашањето околу титулата. Каљари после поразот падна една позиција и моментално се наоѓа на петтото место. Во големата четворка се проби тимот на Рома.

OhridNews