Водечката екипа на табелата во Серија А, Јувентус прокнижи нови три бодови совладувајќи го Лацио со 2-1 во дербито на колото кое се одигра на Олимпискиот стадион во Рим.
„Старата дама“ победи со карактер, а не` со квалитет затоа што Лацио беше подобар противник во дерби средбата. Домашните фудбалери теренската надмоќност ја капитализираа со автоголот на Емре Чан. Шансата на мечот ја имаше Имобиле кој веднаш после водечкиот погодок имаше чиста прилика но не ја реализираше.
Казната стигна. Жоан Кансело до крај го испрати продорот на Федерико Бернандески и со удар по земја во спротивниот агол го матираше голманот Стракоша за изедначување. Кансело беше творец и на вториот погодок, откако Лулиќ токму него го сруши во казнетиот простор. Роналдо не погреши од белата точка и погоди за конечна победа.
Со трите бодови од дербито Јувентус се одлепи на двоцифрена бодовна предност од Наполи и разликата изнесува 11 поени, додека Лацио претрпе пад од едно место и моментално се наоѓа на осмата позиција.
Резултати: Киево – Фиорентина 3-4, Аталанта – Рома 3-3, Болоња – Фросиноне 0-4, Парма – Спал 2-3, Торино – Интер 1-0, Лацио – Јувентус 1-2
Табела: Јувентус 59, наполи 48, Интер 40, Милан 35…
OhridNews