Фудбалерите на Лацио им приредија моменти за уживање на своите навивачи, победувајќи ја Рома со убедливи 3-0, во градската пресметката во „калчо“ лигата. Победата на „лацијалите“ ја соблече актерката и моделот, Ана Фалки, која во пресрет на дербито најави дека ќе се слика само со маска на лицето, ако бодовите од дербито заминат на контото од „небесно-сините“. 48-годишната Фалки си го одржа зборот и сликата со маска ја постираше на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Што се однесува до мечот, Лацио уште во првиот дел ја разби Рома со головите на Чиро Имобиле и Луис Алберто. Во вториот дел, Луис Алберто со нов гол стави печат на победата за „лацијалите“ во 153-та дерби пресметка во Серија А.
OhridNews
Рим обоен во „сино-бело“, Лацио за класа подобар од Рома (видео)