Екипата на Лабуништа обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига, откако успешно ги мина бараж мечевите со Зајас и Голблен Јуниор.
Вицешампионот од Третата лига југо-западен регион ремизираше со Зајас, а во одлучувачкиот меч го совлада Гоблен Јуниор со 5-1. Пласманот во Втората лига фудбалерите, навивачите и спонзорите го прославија со песни и факли долго во ноќта.
Од Третата лига југо-запад директен пласман во второлигашкото друштво обезбеди екипата на Струга Трим Лум која сезоната ја мина прва низ целта.
Фото и видео: Спектра
OhridNews