Нов бран на разделби во тимот на Лабуништа. Овој пат клубот се збогува со четири играчи и бројката стигна до десет фудбалери кои нема да бидат дел од тимот следната сезона.

Карта во еден правец од Лабуништа добија долгогодишниот капитен и чувар на мрежата Раиф Мисерловски-Љаче, вториот избор на голот Мугни Опре, Аздрен Мена и Ермир Мура.

ФК Лабуништа ви се заблагодарува за тоа што до сега бевте дел од нашиот тим. Со вашиот труд и ангажман дадовте голем придонес за најголемиот успех на клубот. Ви посакуваме многу среќа и успех понатамошната кариера. Со почит ФК Лабуништа. – се вели во соопштението клубот.

„Црно белите“ претходно се разделија со Никола Миновски, Благојче Коњарски, Антонио Стојкоски, Методија Милески, Меритон Мерко и Мирослав Јованоски.

OhridNews