После серија разделби, екипата на Лабуништа се засили со тројца фудбалери. Нови членови на „црно белите“ се Александар Василев, Кренер Алими и Стефан Јакимоски.

Василев треба да го подигне квалитетот во дефанзивната линија, Јакимоски е доведен за замена за довчерашниот капитен Раиф Мисероловски, додека Алими е интернационално засилување од словенски Рудар.

Со ангажманот на тројцата фудбалери тимот на Лабуништа стигна до пет нови имиња за престојната сезона во Втората лига. Во составот предводен од тренерот Пепи Џигероски пристигнаа Михајло Јакимоски и Миџен Шерифи.

Од клубот во два бранови заминаа десет фудбалери. Покрај чуварот на мрежата заминаа Мугни Опре, Аздрен Мена, Ермир Мура, Никола Миновски, Благојче Коњарски, Антонио Стојкоски, Методија Милески, Меритон Мерко и Мирослав Јованоски.

OhridNews