Ростерот на Лабуништа во пресрет на новата сезона во Втората лига ќе претрпе големи измени, откако клубот се раздели со шест фудбалери. Членови на Лабуништа не се повеќе Никола Миновски, Благојче Коњарски, Антонио Стојкоски, Методија Милески, Меритон Мерко и Мирослав Јованоски.

Дел од овие играчи беа во првата постава во тимот кој обезбеди историски успех за клубот пласирајќи се на вицешампионската позиција на табелата во Втората лига и учество во баражот за влез во фудбалска елита.

  • ФК Лабуништа ви се заблагодарува за тоа што до сега бевте дел од нашиот тим и за тоа што со сиот ваш труд донесовте најголем успех. Ви посакуваме многу среќа во понатамошната кариера. – стои во соопштението од клубот.

Лабуништа активно работи на трансфер пазарот и денеска го официјализираше Михајло Јакимоски како второ засилување. Прво беше дефанзивецот Љупче Трпески од Кораб.

OhridNews