Екипата на Лабуништа со победа ги започна подготвителните натпревари, откако на СРЦ „Билјанини Извори“ со минимални 1-0 (0-0) ја совлада тетовска Ренова.
Двата состави иако со комбинирани тимови одиграа добар и квалитетен натпревар. Лабуништа на почетокот од второто полувреме искористи една шансите и постигна погодок кој го одлучи победникот. Стрелец на голот беше Петар Љамчевски. Фудбалерот за врска прецизно биеше од 20-тина метри.
Во периодот кој следува Ренова и Лабуништа ќе одиграат уште неколку контролни средби се со цел подобра подготвеност за Првата односно Втората лига.
OhridNews