Фудбалерите на Лабуништа обезбедија пласман во баражот за влез во фудбалска елита, откако и математички го обезбедија вицешампионското место во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Избраниците на Пепи Џигероски на Градскиот стадион во Струга го совладаа Скопје со 2-1, а во прилог им појде минималниот пораз (1-0) на Пелистер во дуелот со Кораб во Дебар.

Стрелци на головите за Лабуништа во победата над Скопје беа Климе Далчески и Дејан Лескароски, додека почесниот погодок на гостите беше дело на Филип Јованоски.

Лабуништа во баражот најверојатно силите ќе ги одмери со тимот на Тиквеш, а победникот од овој дуел ќе се судри со претпоследнопласираната екипа на табелата од Првата лига.

OhridNews
Фото: Шакир Алиоски