Екипата на Лабуништа не успеа да ја помине првата пречка во баражот за влез во Првата лига претрпувајќи пораз од Тиквеш 6-3 во мечот кој се одигра вчера во Скопје.

Фудбалерите на Тиквеш дилемите околу победникот ги решија во првата фаза од натпреварот во кој постигнаа три голови. Негативата беше голема, а во надигрувањето Лабуништа не успеа да ја надополни предноста и ја прокоцка шансата за финален бараж за пласман во фудбалската елита.

Вицешампионот од истокот на 5 јуни против долгогодишниот прволигаш Силекс ќе се бори за последното место во елитата.

OhridNews