Освојувачот на трофејот во Купот на Македонија во 2013 година, Тетекс ги комплетираше учесниците во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Штофарите“ го зазедоа местото од Лабуништа која се откажа после заминувањето на клупската управата и фудбалерите.

Лабуништа две сезони беше хит во Втората лига. Во првата сезона се избори за бараж за влез во Првата лига додека во втората беше вистински конкурент на Пелистер кој го доби билетот за учество во елитата после прекинувањето на сезоната поради пандемијата на коронавирусот.

Сезонава дел од второлигашкото друштво ќе биде и Охрид. „Рибарите“ на големо се подготвуваат за новата сезона и најавуваат солидна улога во второлигашката конкуренција.

OhridNews