Лабораторијата за микробиологија при Центарот за јавно здравје Охрид ќе работи повторно и во сабота, почнувајќи од 29 април.
Нашите ценети пациенти своите потреби од лабораториски-микробиолошки анализи на хуман материјал ќе можат да ги извршуваат секоја сабота во периодот од 8 до 12 часот, велат од Центарот за јавно зравје.
OhridNews