Челниците на Ла лига во тесна соработка со медиумската компанија „Мовистар која ги има правата за емитување на мечевите од најсилната шпанска лига одредија не обичен термин за најголемото дерби во светот на фудбалот.
Првото дерби сезонава ќе се одигра на 26 октомври (сабота) со почеток во 13 часот. Домаќин на првата пресметка ќе биде Барселона. Според првичниот календар „Ел Класико“ закажано беше на 27 октомври во 20 часот.
Барселона има повеќе причини за не задоволство после одредувањето на не обичниот термин. Каталонците ќе имаат три дена одмор после дуелот со Славија Прага во ЛШ, додека „кралевите“ ќе имаат ден повеќе затоа што средбата со Галатасарај ќе ја одиграат во вторник.
Последното супер дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Ноу Камп заврши во корист на домаќините со 5-1.
OhridNews