Челниците на најквалитетната лига во Шпанија, Ла лига не заборавија за кого се игра фудбалот и на прво место ги ставија симпатизерите и нивните барања. Водечките луѓе на Ла лига на последниот собир едногласно го прифатија барањето од симпатизерите да се укинат мечевите во понеделник на вечер.
Симпатизерите на помалите клубови долги години водеа борба за укинување на овој термин, а битката вроди со плод. Навивачите се жалеа за доцниот термин, а пред се за денот, бидејќи веќе работната недела зема замав.
Најголема заслуга за укинување на мечевите во понеделник имаат Атлетик Билбао кој сезонава има осум мечеви одигра на тој ден и навивачите на Алавес кои на трибините донесоа ковчег на кој пишеше „модерен фудбал“.
Одлуката за укинување на мечевите во понеделник ја потврди првиот човек на Ла лига, Луис Рубалјер кој изјави дека желбите на навивачите ако се реални секогаш ќе бидат исполнети. Тој додаде дека кога се има разбирање, секогаш ќе има простор за договор.
OhridNews