Ова во среда го изјави претседателот на Советот за радиодифузија(СРД) Зоран Стефаноски, на средбата со Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пренесува „Макфакс“.
На состанокот, на кој присуствуваа и претставници од Организацијата на потрошувачи на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации, беше истакнато дека има потреба од измени на подзаконските акти, со цел граѓаните да бидат заштитени од измама.
„Сегашната законска регулатива не е најпрецизна околу користењето на телефонски броеви со додадена вредност кои се употребуваат во квизовите. Ќе направиме дополнителен напор преку подзаконски акт конкретно да го регулираме ова прашање, да поставиме јасни и недвосмислени правила на игра“, рече претседателот на СРД.
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации која ги доделува овие телефонски броеви, Петар Иваноски истакна дека ќе се потрудат организациите со здружени сили да ги изменат подзаконските акти и изрази надеж дека до текот на наредната недела ќе се пронајде едно прифатливо и заедничко решение што ќе даде резултати.
Било договорено до средината на идната недела промените во законот да бидат направени и за ова да биде известен претседателот на Собранието на Република Македонија.
извор: Макфакс