Охридските атлетичари на првенството кое беше од изборен карактер за Балканијадата во Грција, триумфираа во пет дисциплини.
Во женска конкуренција во дисциплината 100 м со пречки триумфираше Маргарита Арсовска со време 19.30 сек
Успешен настап имаше Филип Кафтаноски кој триумфираше во три дисциплини.Најбрз беше во трката на 100 м со време од 11.7 сек, во трката на 300 м со време 38.10 сек. а беше и дел од охридската штафета 4 пати по 100 метри која во состав Љушев, Павловски, Мирчевски и Кафтаноски до првото место стигна со време 50.00 сек.
Вообичано најдобар во дисциплината скок во далечина беше Славчо Мирчевски кој до првото место стигна со скок од 5.87 метри.
Македонската репрезентацијата ќе учествува на Балканијадата за млади младинци-ки која на 6 септември ќе се одржи во Бар (Црна Гора).