Британската рок група Квин планира нов албум и мјузикл, објавиле британските сајтови за шоу бизнис. На новиот албум ќе се најдат необјавени песни снимени со покојниот фронтмен Фреди Меркјури, изјавил гитаристот на групата Брајан Меј. Во припрема бил и нивниот нов мјузикл, втор по ред.
Првиот бил “We will rock you”, премиерно прикажан во театарот Доминион во Лондон, во мај 2002 година. Претходно овој месец било објавено дека Квин ќе примат MTV награда за глобална икона на овогодинешното доделување на европските музички награди и дека на 6 ноември ќе свират на церемонијата која ќе се одржи во Белфаст.