Режисерот Квентин Тарантино го завршил сценариото “Django Unchained”. Откако во својот последен хит „Немилосрди гадови“ се занимаваше со нацистите, славниот режисер својот нов филм го смести на Дивиот Запад. Станува збор за римејк на познатиот вестерн „Џанго“ од 1966 година.


Во овој филм главниот лик е роб кој сака да ја спаси својата сопруга од сопственикот на плантажата на која работи. Се шпекулира дека во филмот ќе играат Кристоф Валц, Кејт Карадин, Трит Вилијамс и Франко Неро.