Прославениот режисер Квентин Тарантино го тужел на судот во Лос Анџелес својот прв сосед, сценаристот Алан Бол, затоа што во дворот на својата вила чувал кафез со егзотични животни. Секој ден Квентин Тарантино и луѓето со кои живеел биле изложени на ужасни крици кои ја плашат околината и сериозно влијаеле на неговата способност да пишува и да работи на новиот филм, стоело во тужбата која била долга шест страници, и во која детално биле опишани чувствата кои ги буди таа птица.
Седум или осум часа во денот соседите морале да ги слушаат криците од кои се замрзнувала крвта во вените, пишувало во тужбата. Тарантино пред тужбата се обидел да го вразуми соседот, но овој не му излегол во пресрет. Доколку изгуби на суд, Бол ќе мора да ја отстрани птицата и да ги плати судските трошоци.