Репрезентацијата на Португалија остана без селектор, откако фудбалскиот сојуз синоќа му врачи отказ на Карлос Квеирош.


Антидипинг аферите пред Мундијалот ја започнаа, слабиот пласман и играта на СП ја наполнаа, а двата меча без победа на стартот на квалификациите за ЕП ја прелеаа чашата на незадоволството кај челните луѓе во португалскиот фудбал.

Квеирош е третиот селектор кој по две кола ја загуби остана без работа, претходно Стоилов од бугарската, односно Шон Тошак од клупата на Велс добија откази.

Најссериозен кандидат да седна на португалската клупа е шпанецот Луис Арагоњес, кој 2008 година триумфираше на ЕП со репрезентацијата на Шпанија.

Ohridnews