Последните анализи за утврдување на  физичкиот, хемискиот и микробиолошкиот состав на водата од Охридското Езеро се завршени и денеска ќе бидат соопштени резултатите, кои ќе треба да покажат дали езерската вода е квалитена или не.

Анализите на водата ги извршија екипи на  Центарот за јавно здравје од Охрид, со земање на примероци од површинската вода на езерото,  на неколку локации од крајбрежјето.    Резултатите од анализите ќе бидат пезентирани на прес конференцијата која е  закажана за денес во 13.00 часот.

Изминатаве неколку недели, поради зголеменото ниво на Охридкото Езеро, на подземните води и реките од неговото сливно подрачје, големи штети претрпе Колекторскиот систем за прочистување на отпадни води. Поради овој  проблем, надлежните служби соопштија дека големи количини на непрочистени и фекални води,  околу два месеца се влевале дирекно во езерото. Оваа состојба ги загрижи туристичките работници, кои деновиве изјавуваа дека доколку поради загаденоста, езерото има намален квалитет на водата , тоа многу ќе влијае на престојната туристичка сезона на целото Охридско крајбрежје.

OhridNews