Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид викендов кој доаѓа ќе учествува на меѓународниот теквондо ИТФ турнир „14 Љубљана Опен 2016” во Словенија.
Турнирот во Словенија е еден од најјаките во нашиот регион и на кој многу земји ќе ги избираат нивните репрезентативци за наредното Светско првенство за јуниори и ветерани во Италија септември месец. Токму затоа ХВА РАНГ ИТФ на овој престижен турнир ќе учествува со кандидатот за светско првенство Александар Јованоски.
На „14-от Љубљана Опен 2016” под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион и Зоран Донев црн појас 1 дан покрај Јованоски ќе настапат Давид Крстесеки, Марио Крстески , Елена Јанеска, Антонио Јанески, Јане Димов, Христијан Митрески , Давид Велковкси, Божидар Димитриевиќ, Јана Спасека и Миле Климоски.
Од клубот се надеваат на добри и плодни резултати како и на минатите учества на турнирите ширум Балканот.
OhridNews