37-то издание на Илинденскиот пливачки маратон на кој победи Александар Стојаноски од скопскиот клуб Бета далеку е од своите најдобри денови. ж


Квалитативно и квантитативно „малиот маратон“ помина одлично, а очигледно недостасуваше подобра организација и медиумска застапеност со која неможе ниту Охридскиот пливачки маратон да се пофали.


– Малиот маратон организиран од најстариот клуб на Балканот, Охридски Бранови е синомим за далечинското пливање во Охрид. Прв пат оваа година јас лично се ангажирав со пријателите на клубот да го крениме нивото на Илиндескиот пливачки маратон кое е далеку од посакуваното. Квалитет и квантитет несомнено има, но сето тоа треба да се искористи за што подобра и поефикасна организација. – рече Александар Маленко.

Александар Маленко со победниците во машка сениорска и јуниорска конкуренција.

На Илиденскиот пливачки маратон настапија вкупно 52 пливачи од клубови ширум Македонија, а меѓу учесници имаше и неколку пливачи од охридските клубови Охридски Бранови и Делфина.

Андреј Стојаноски и Стефани Тримчевска победници на 37-от Илиндески пливачки маратон

Реакции по завршувањето на 37-от Илинденски пливачки маратон

„Мал маратон“, големи победници (фотогалерија)

Мх.П.