Ракометниот клуб Охрид сезонава има големи амбиции во Супер лигата, а исто така и квалитет, кои ќе бидат тестирани на гостувањето во Битола против Еурофарм Работник.
Дербито во втората рунда се игра в сабота со почеток во 16 часот и 30 минути, а ќе го судат браќата Дејан и Димитар Георгиевски.
– Нашиот противник е фаворит поради домашниот терен, но ние одиме да се надигруваме, бидејќи поседувам квалитет за нешто такво. Донесоа неколку квалитетни засилувања со кои покажуваат какви цели имаат оваа сезона и затоа ги сметам за фаворити. Финансиски се средени, но тоа не игра никаква улога на теренот, затоа што победува оној кој ќе одигра подобро во тие 60 минути. – изјави Благојче Трајкоски.
Новата сезона „гладијаторите“ ја отворија со триумф над Вардар Јуниор на домашен терен, додека „фармацевтите“ беа слободни по откажувањето на Младост од Богданци.
Двојки 2. коло: Прилеп – Пролет, Пелистер – Металург 2, Вардар Јуниор – Радовиш, Еурофарм Работник – Охрид, Борец слободен.
Tабела: Охрид 3, Металург 2 3, Радовиш 3, Пролет 1, Борец 1, Пелистер 0, Прилеп 0, Вардар Јуниор 0, Еурофарм Работник.
OhridNews