Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Ристе Маркоски го напушти кичевски Влазрими и потпиша договор со Пелистер до крајот на сезоната.


„Зелено-белите“ пролетната полусезона во Втората лига ја започнуваат со прволигашки амбиции судејќи по засилувањата кои ги доведоа во зимскиот преоден рок.

Фудбалерот за врска, Маркоски е петтото официјално засилување за битолчани кои носат проверени фудбалски имиња во тимот за прволигашка промоција.

Претходно, договорот со Пелистер го парафираа Игор Клечкароски, Благојче Коњарски, Благојче Маркоски и Денис Димитриоски.

Втората полусезона во второлигашкото друштво Пелистер ќе ја започне од 4-та позиција на табелата со четири бодови помалку од лидерот Љубанци.

Мх.П.