Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид викендов кој доаѓа ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ А класа турнир „Чешка Опен 2017“ во Нимбурк.


„Чешка Опен 2017“ е најјак турнир во централна Европа за пролетната полусезона, бидејќи ќе учестуваат натпреварувачи од Русија, Украина, Чешка и Полска.

– Учеството на турнирот ќе го искористиме да го провериме до каде е нашиот квалитет и да видиме кој од нашите натпреварувачи може да не радува во иднина на некое Светско или Европско првенство. – рече Марјан Лазерески кој заедно со Ацо Јосифоски ќе ја предводат охридската експедиција.

Теквондостите на турнирот во Чешка ќе се натпреваруваат во четири дисциплини борби, форми, специјални техники и тест на снага-поединечно.

OhridNews