Македонската ракометна репрезентација со освојувањето на 11-та позиција на Европското првенство во Полска ја задржа позицијата во носители при извлекувањето за бараж двојките за Светското првенство во Франција следната година.

Задржувањето во носителите на Македонија ќе и понуди полесен пат до петтото учество на ракометните мундијали по Египет 1999, Хрватска 2009, Шпанија 2013 и Катар 2015 година.

Во групата на неносители кои се и потенцијални противници на Македонија во баражот за СП се наоѓаат селекциите на Словенија, Србија, Црна Гора, БиХ, Австрија, Чешка, Португалија, Летонија, Холандија.

Групата носители покрај Македонија ја сочинуваат Полска, Данска, Шведска, Русија, Белорурсија, Унгарија, Исланд и четвртопласираната од ЕП во Полска.

Ждребката за бараж двојките за пласман на СП 2017 година се в недела во 13 часот. 

OhridNews