Македонската футсал репрезентација оствари скок од 7 места на најновата рејтинг листа на УЕФА и сега е позиционирана на 20 место на стариот континент, ваквата позиција ни овозможува следниот циклус квалификации за ЕП да игра директно во елитната фаза и нема да игра претквалификации.
Во елитната квалификациска фаза ќе бидат формирани 7 групи со по 4 селекции кои нема да играат турнирски туку лигашки систем со три средби како гостин и три како домаќин (декември 2012, јануари, февруари 2013).
– Можам да кажам дека сум презадоволен од нашиот нов рејтинг кој не става во улога на повластена репрезентација и ни дава поголеми шанси за пласман на ЕП во Белгија. Овој систем на УЕФА , едноставно им отвора можност и на помалите земји како што сме ние да заиграат на голем настан каков што е ЕП. Мислам дека ова е наша историска шанса и со добра организација и неколку подмладувања ќе можеме да одиграме на потребното ниво – истакна селекторот Скендеровски.
Првопласираните 7 селекции одат директно на следното ЕП заедно со домаќинот Белгија, додека најдобрите второпласирани заедно со најдобрата третопласирана селекција од сите групи ќе играат бараж средби за уште четири места.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com