Извонредна вечер на македонскиот спорт. Во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во фудбал во Бразил, вечерва во Скопје Македонија ја совлада селекцијата на Велс со 2:1 (1:1).

Македонија поведе со голот на Тричкоски во 20-та минута. Во 38-мата минута израмни Рамзи од пенал. Заслужената победа на Македонија и ја донесе Трајковски на 10 минути до крајот.

Во вторник во Скопје Македонија ја пречекува репрезентацијата на Шкотска.

OhridNews