Во рамки на квалификациите за пласман на СП во Бразил, денеска (20.30), во Скопје, македонската фудбалска репрентација се среќава со Шкотска. Со евенуална победа Македонија има реални шанси да го освои третото место во групата, што би бил голем успех.

Селекторот Чедомир Јаневски на прес конференцијата на ден пред дуелот со Шкотска изјави дека очекува тежок натпревар.

-Шкотска е една класа подобра репрезентација од Велс. Анилизите кои ги направивме покажаа дека се работи за една добра репрезентација која со новиот селектор има добра структура, знаат што сакаат, немаат излетувања од позициите што значи дека играат доста дисциплинирано. Во своите редови имаат неколку поединци кои имаат доста искуство, затоа треба да одиграме супер натпревар за да направиме позитивен резултат против Шкотска – изјави селекторот Јаневски.

На натпреварот со Шкотска неизвесен е настапот на капитенот Пандев поради повреда.

ОhridNews