Машката ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од 38-27 на гости во Копер од Словенија, во рамки од четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. Мечот се одигра во сенка на големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар во дискотека животот го загубила 59 лица, а околу 150 се повредени.
Проблемите за нашата репрезентација станаа уште поголеми по тешката повреда на носителот на играта Марко Митев во првото полувреме. Тој заработи повреда на предните вкрстени лигаменти која ќе го одалечи од терените подолго време.
Македонија во моментов е трета во групата со 2 бода, зад Литванија со 6 и Словенија со максимални 8 бода. Одлуката околу второто место кое директно води на ЕП ќе падне во мај кога Македонија гостува кај Естонија, а дома ја пречекува Литванија.
Г.М.
Фото: РФМ