Репрезентацијата на Македонија вечерва со 0:2 на гости ја совлада Малта со што се врати во игра за Европското првенство во 2024 година.
„Црвено-жолтите“ во водство дојдоа во 5 минута преку Елмас, а асистент беше Барди. Во 41 минута по корнерот што го изведе капитенот Барди на 0:2 зголеми Манев.
Во вториот дел со рутинска игра Македонија која имаше поддрша од околу 1000 свои навивачи на трибините, го сочува водството кое лесно можеше да се зголеми доколку ударот на Алиоски не го запреше стативата.
Во вториот натпревар од групата Ц, Италија ја совлада Украина со 2:1.
По 5 одиграни кола во групата Ц води Англија со 13 бода, Италија со натпревар помалку има 7, колку и Украина и Македонија на третото, односно четвртото место. Малта е последна без бодови.
Квалификациите за ЕП продолжуваатво октомври кога Македонија и гостува на Украина, најверојатно во Прага, Чешка.
Г.М.