Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Франција во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир за фудбалери до 19 години за пласман во Елитна фаза што се одржува во Албанија.

Франција ја забележа втората победа во овие квалификации и сосема очекувано успеа да избори пласман во Елитната фаза.

Победникот беше решен уште во првите 25. минути. Аблине во 14. минута донесе предност за французите. На 2:0 зголеми Вирџиниус во 25. минута. Тоа беше на крај и конечниот исход од овој натпревар.

Македонија по втор пат беше поразена во овие квалификации. На 16. ноември се игра последниот меч од турнирот против домаќинот Албанија.

 

OhridNews