Селекцијата на Србија предводена од новиот селектор Драган Стојковиќ Пикси на домашен терен во Белград против европскиот првак Португалија, ќе го има првиот вистински тест во квалификациите за пласман Мундијалот.

„Орлите“ успешно стартуваа, победувајќи ја Република Ирска со 3-2 но сето тоа беше еден вид загревање за пресметката со Португалија во Белград. Исто така позитивен старт имаше и Португалија, која на домашен терен со 1-0 славеше во дуелот со Азербејџан со минимални 1-0.

Натпреварот од третата рунда во Групата А се игра во 20:45 часот.

Интересни пресметки од денешната програма се средбите Норвешка – Турција, Чешка – Белгија односно Русија – Словенија.

  • Двојки:

Група А: Република Ирска – Луксембург, Србија – Португалија

Група Е: Белорусија – Естонија, Чешка – Беглија

Група Г: Црна Гора – Гибралтар, Холандија – Латвија, Норвешка – Турција

Група Х: Русија – Словенија, Хрватска – Кипар, Словачка – Малта

OhridNews