Шест победи на домаќините и само едно реми донесоа квалификациските мечеви од второто коло за пласман во Лигата на шампиони што се одиграа вечерва ширум Европа.

Убедливи победи на домашен терен остварија Црвена Звезда и Селтик. Белграѓани со 2:0 го совладаа Хелсинки во првиот меч одигран вечерва на стадионот „Рајко Митиќ“. Стрелци на головите за Европскиот првак од 1991 година беа Боачи во 26 и Павков во 90 минута. Шкотскиот првак, пак, во Глазгов славеше над Номе со 5:0.

Резултати 24.07.2019:

Бате Борисов – Розенборг 2:1

Клуж – Макаби Тел Авив 1:0

Ференцварош – Валета 3:1

Марибор Аик 2:1

Селтик – Номе 5:0

Дундалк – Карабак 1:1

Црвена Звезда – Хелсинки 2:0

Реванш средбите се играат за седум дена.

OhridNews