Македонската јуниорска фудбалска репрезентација попладнево со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство, кое во 2023 година ќе се одржи во Малта.
Македонските фудбалери ќе играат во групата 10 заедно со Норвешка, Србија и Сан Марино, и ќе бидат домаќини на квалификацискиот турнир од 17 до 23 ноември во Скопје идната година.
Пласман во елитната рунда ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации и една третопласирана со најдобар ефект во квалификациите.
OhridNews