Од ден на ден драстично се подобрува здраствената состојба на Огнен Кузмиќ, кој имаше страотна несреќа со автомобил пред недела дена во Босна и Херцеговина. Кошаркарскиот луб Црвена Ѕвезда чиј член е Кузмиќ секојдневно ја информира јавноста за состојбата и следните чекори кои се преземаат во Ургетниот центар во Белград.

  • Докторскиот тим кој се грижи за здравјето на Кузмиќ со задоволство информираат дека состојба постепено многу се подобрува. Кузмиќ е разбуден од индуцирана кома, самостојно дише, ги мрда екстремитетите и комуницира со докторите. Многу важен во овој сегмент одигра опративниот зафат за санирање на повредите на лицето кој му беше направен во средата. – информира КК Црвена Ѕвезда.

Кузмиќ го чека долг процес на рехабилитација и очекувано го загуби местото во српската кошаркарска селекција за претстојниот Мундијал во Кина. Првично кошаркарот на Црвена Ѕвезда се најде на списокот од селекторот Александар Ѓорѓевиќ, но беше тргнат после сообраќајната несреќа која за среќа не заврши со трагични последици.

OhridNews