– Република Македонија, со своите досега евидентирани 4485 археолошки локалитети од сите историски периоди, претставува европска археолошка оаза и интегрален дел на медитеранскиот културен комплекс во рамките на археолошките сфери и влијанија. Веруваме дека со една практична и рационална презентација на вести од областа на археологијата кои на ваков информативен начин ќе ги промовираат културните и археолошките вредности, еднаш месечно од сега натаму преку ова електронско гласило ќе помогнеме со светлостите на нашето македонско минато, да осветлуваме и делови од светската иднина, вели во освртот кон првото издание на интернет весникот, археологот и директор на Управата за заштита на спомениците на културата, Паско Кузман.
Во августовскиот број на Македоснкиот археолошки весник објавени се повеќе информации за значајни откритија, меѓу кои и за вредните наоди на археолошкиот локалитет кај Горна порта во Охрид.