Еден кувар во Англија е фатен како подготвува храна додека покрај него лежело мртво тело, објавиле англиските медиуми.
Џејсвиндер Синг, 45 годишен кувар, мирно го подготвувал омиленото јадење на многумина кои сакаат брза храна, наспроти тоа што на неколку метри во кујната имало мртовец.
Синг во вторникот е осуден на парична казна од 5.000 евра поради бројни прекршоци кои се однесуваат на хигиената. Сем паричната казна, судот му забранил да се занимава со подготвување на храна.
Полицијата го открила случајот кога го испитувала случајот за смртта на еден човек. Се покажало дека смртта не е сомнителна, но биле запрепастени од одностот на куварот.
Сем лешот во кујната, властите откриле уште многу прекршоци. Умрен глушец, муви и расипана храна.
„Станува збор за најголемиот прекршок на прописите за хигиена кои властите воопшто ги виделе“ – рекол портпаролот на општината, Бари Финдеј.