Еден човек од Њу Хемпшир за малку ќе паднел во несвест кога сфатил дека компјутерот на бензиската станица на која застанал да си купи цигари со неговата картичка му собрал повеќе од 23 билијарди долари.

Џош Музински на бензиската купил цигари. По тоа отишол дома и ја отворил својата сметка преку интернет за да провери колку пари има во банката.


Доживеал целосен шок кога видел неверојатни 17 цифри на екранот. На бензиската му наплатиле точно 23.148.855.308.184.500 долари!

По шокот поминал два часа на телефонски разговор со службениците во банката и се обидел да го реши проблемот и да ги увери дека сметката требало да биде 15 долари. Банката наредниот ден ја исправила грешката.