Најскапата кутија со чоколадо се продава во Хародс за 7.000 евра. Секоја кутија содржи 49 чоколада завиткани во кожа и свила, кои се изработуваат исклучиво по нарачка на купувачите.
Иако чоколадата во многу не се разликуваат од други ексклузивни пакувања, нивната цена ја подига нивната декорација. Секое чоколадо е украсено со злато и скапоцени кристали од Swarowski.
Скапите чоколада ги произведува либанската чоколатерија „Patchi“.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com