Продолжува непочитувањето на комуналниот ред во Охрид, се жалат од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“. Граѓаните и туристите сметот го изнесуваат кога сакаат и како сакаат, а неретко во контејнерите се одлага и несоодветен отпад. Како пример од „Комуналец“ ја посочуваат ул „Македонски просветители“ каде контејнерите деновиве беа покриени со картонски кутии. Со тоа граѓаните и правните лица кои живеат и егзистираат во овој дел од градот, беа спречени да го депонираат комуналниот отпад, велат од „Комуналец“. Ништо подобра не е состојбата и во други делови на градот, каде сметот наместо во предвидените термини несоодветно спакуван се остава сред бел ден со што се создава непријатна слика, посочуваат од „Комуналец“.


Не се почитува комуналниот ред се жалат од „Комуналец“

Ohridnews