Кустос во музеј во Кина е отпуштен откако го залепил оштетениот антиквитет наместо да ја пријави штетата. Дрвениот гулаб, стар повеќе од 2.000 години од времето на династијата Хан, се скршил за време на транспортот од музејот до магацинот.
„За време на транспортот на гулабот, дното од кутијата попушти и гулабот падна на земја“ – рекол тој.
Персоналот задолжен за транспорт веднаш го пријавил инцидентот. Тој отишол со нив во магацинот и го залепил скршениот дел со обичен лепак.
Од одделот за културно наследство во Кина ја забележале поправката, а кустосот е отпуштен од работното место и следува опсежна истрага.