– Јас сум дете, кој потекнува од кошаркарската школа на МЗТ Скопје и таму поминав десет незаборавни години – рече селекторот на У 18, Мирза Куртовиќ за престојот во МЗТ Скопје и додаде – Мене ми е многу драго што клубот во кој ги направив првите кошаркарски чекори конечно стигна до титулата во домашниот шампионат и сериозно чекори кон клуб со европски шмек.

Во дебитанската сезона во Јадранска лига, „штрковите“ стигнаа до седмата позиција што преставува голем успех за македонската кошарка.


– За еден клуб да стане успешен и да зачекори по европските патеки мора да биде организиран и да има квалитетни играчи. МЗТ сето тоа моментално го поседува во своите редови затоа стигнаа до тоа седмо место во Јадранската лига –
истакна селекторот.

Повеќе од десет години Куртовиќ живее и работи во нашиот јужен сосед, а со селекцијата Македонија на Европското првенство Б дивизија во Струмица очекува поволен резултат.

Мх.П.