Голманот на Реал Мадрид и некогашен член на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа го обвини Диего Симеоне дека популацијата помеѓу навивачите на „јорганџиите“ ја билда со критики кон градскиот ривал. Симеоне изјави дека не се согласува за изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер и за изборот на Куртоа за најдобар голман. Според аргентинскиот стручњак наградата за најдобар фудбалер требало да освојат Рафаел Варан или Ентони Гризман, а Куртоа за најдобар голман е прогласен поради што брани во Реал Мадрид.

  • Симеоне нас не критикува, како би стекнал поголема популарност помеѓу навивачите на Атлетико Мадрид. Секогаш го прави истото и секогаш му успева, бидејќи ривалството помеѓу двата клубови е големо. Секое мислење треба да се почитува. Но, јас бев дел од Атлетико и кога се борите со клуб каков што е Реал, секогаш мора да тргнет вниманието и да го насочите кон сосема друга приказна. – изјави Куртоа.

Репрезентативецот на Белгија со добри одбрани ја задржа мрежата „чиста“ на дуелот со Рајо Валјекано, а „кралевите“ победија со минимални 1-0. Стрелец на погодокот беше Карим Бензема.

OhridNews