Чуварот на мрежата Тибо Куртоа беше директен виновник за единствениот погодок кој го постигна Русија во победата на Белгија 3-1. Голманот на Реал Мадрид киксна во една ситуација и му подари погодок на русите за 1-1, а ситуацијата ја искористи Еден Азард кој се пошегува на сметка од Куртоа.

  • Мислам дека премногу гледа видеа од мене, па тргна да трибла како мене! Но тој е малку повисок и нему му е малку потешко. Ништо страшно, ќе биде хит на социјалните мрежи, еден период сите ќе му се смеат. – изјави Азард.

Репрезентативците на Белгија во продолжението од мечот со погодоците на Азард ја совлада Русија и го извадија до „калта“ својот соиграч кој ќе мора да внимава или пак да не дрибла повеќе.

OhriNews