Неидентификувано лице во петокот истрелало куршум во канцеларијата на претседателката кампања на американскиот претседател на заминување Барак Обама во градот Денвер, во сојузната американска држава Колорадо, пренесува „Макфакс“.
Од Куршумот бил распарчен прозорец на канцеларијата, а во инцидентот нема настрадани ниту повредени, иако во моментот на пукањето во просториите на изборниот штаб на Обама имало луѓе, пишува весникот Denver Post.
Според информациите на AFP, напаѓачот стрелал кон канцеларијата од автомобил во движење.
Локалната полиција е во потрага по напаѓачот, а од изборниот штаб на Бакар Обама не сакале да го коментираат инцидентот.
OhridNews
извор:„Макфакс
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com