Еден воден парк на Флорида нуди камп за сирени. Во водениот парк сирените веќе со децении ги развеселуваат посетителите, а од неодамна своето знаење го пренесуваат и на жените и девојките кои од детството сонуваат да станат сирени. Девојките можат да научат да пливаат како подводни суштества и да изведуваат заводливи танци под вода.


Пенелопе Гонзалес, една од девојките кои се запишала на курсот, рекла дека тоа е уметност и дека физички е многу тешко да се изведе дури и најмал дел од настапот. Обуката за сирените моментално ја води Барбара Винс, која ужива во подучувањето. Таа рекла дека кога прв пат ќе влезат во воа изгледаат како да се борат против сопственото тело, но набрзо успеваат да изведат елегантни движења и уживаат во она што го прават.