Еден од членовите на „златната генерација“ на Црвена Ѕвезда, Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на Македонија и ќе ја предводи репрезентацијата на Европското првенство, кое ќе се одигра следната година. Информацијата за Просинечки ја пренесе српски Курир.
Младиот тренер Игор Ангеловски ги доведе до овој историски успех, па затоа и оваа одлука е малку изненадувачка. Од друга страна, Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор. – пишува Курир.
Од македонската куќа на фудбалот (ФФМ) експресно ја демантираа информацијата и рекоа дека нема да контактираат никого додека не се преговара со Игор Ангеловски. За потсетување, договорот на Ангеловски истекува за неколку дена, а преговорите помеѓу првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини и селекторот треба да започнат после новогодишните празници.
Со Ангеловски на клупата, Македонија преку мечевите од Лигата на нации обезбеди пласман на Европското првенство.
OhridNews